Античкиот театар Скупи

Jun 23, 2010 23:19


Другие записи: Бытописание. | Welcome to LiveJournal | Вместо молескина. | Картонное пальто

Собирал 9000 гледачи. Во прашање е монументален објект, најголем од античките римски најдени во Македонија, со импозантни димензии: театарската зграда е долга 98 м, широка 15м, а низ неа водат три ходници со радиус од 15 м.




Лежи на југозападната страна на Зајчев рид, надвишувајќи го и доминирајќи над поголемиот дел од градот. Театарот, граден спопред тогашните римски архитектонски правила, го чинат театарска зграда, сцена или бина, оркестрата и гледалиштето. За градбата на гледалиштето била искористена природната падина на ридот, а за сцената и театарската зграда теренот бил нивелиран. Во прашање е навистина монументален објект со импозантни димензии. Надворешниот раб на гледалиштето е повисок од 16 метри, колку шо најверојатно била и висината на театарската зграда.

Бината се издигала на два метра над оркестрата и била обложена со разнобојни плочи од мермер, темно зелен и кафеав шкрилец. Пред фасадата на театарската зграга и т.н. скена археолозите откриле парчиња на капители, бази, архитрави, довратници, покеривни венци и други елемнети и украси со исклучително убава и богата орнаментика, чие уметничко и техничко ниво на изработка е на ниво на најпознатите дела од тоа време во останатите Римски метрополи. Бидејќи не се откриени остатци на бина се претпоставува дека театарските престави се одвивале во оркстрата која е во форма на неполн круг ( пречник 15 м) карактеристичен за римскиот тип на театри.



Гледалиштето ( кавеа) лежи на коса падина. Седиштата му се потпирале врз сложена масивна структура од концентри. Ни полукружни sидов, кои ја следат линијата на оркестрата. Горната пак половина на гледалиштето е формирана од два полукружни sида, поврзани со 24 sидови носачи, исто поврзани со свдови. Импозантно, навистина. По сите овие пронајдоци на археолозите театарот го датираат во времето на Хадријан, прва половина на вториот век од нашата ера. Се претпоставува и точната година на неговото градење, 125 г. токму при посетата на Хадријан на Скупи.



Во театарот се играле главно трагедии, комедии и мимови, еден вид пантомима. Досегашните откритија не потврдуваат дека се одвивале и гладијаторски борби.. Тоа е еден заветен олтар на божицата Немеза, која ја симбилозирала правдата и доста чество се поврзува со гладијаторските и слични игри. Индиректен показател е и постоењето на храм на Херкул кој исто, а меѓу другото бил заштитник на античките борци. Но, се додека не се најде сигурен материјален доказ, во самата конструкција на театарот, за псотоењето на гладијаторски игри се останува на ниво на претпоставка.

Она што е еден жален податок за овој монументален атички обхјект е што тој речиси воопшто не е истражен. Први истражувања имало на почектото на 20-тиот век некаде триесеттите годинби. Потоа истражувања имало и во Шеесетите на истиот век и толку. Последно што е направено е пред пет- шест години кога повторно е истражуван, со помош на едно гермаснко здружение но тоа повеќе било големо чистење на објектот, и регистрирање на она што било во претходните истражувања откриено: Тоа се отприлика 2/3 од театарската зграда и 1/3 од гледалиштето. Тука велат, по земјотресот биле стационирани руски војници, а потоа се градени и разни времени објекти, кои за жал и денес постојат.



Но она што беше важно при таа последно истражвањее е освен чистењето и регистрирање на откриеното, бидејќи до тогаш, од претходните истражувања нема никаков документ. Но она што е болна точка на театарот во Скупи е што него речиси го јадат гробиштата во Злокуќани. Имаме антички локалтет кој е многу лесно да се истражува бидејќи не се наоѓа под сегашниот град, и е многу достапен. Не е потебно сосема да го откриеме гледалштето, бидејќи се смета дека тоа со тек на време е уништено. Но доволно е да се најде некаков отисок од седиштата, според кои би можеле делумно да се реконструира. Тоа секако не би било идентично на тогашното гледалиште, но можно е да се создаде амбиент кој би бил истиот како во тогашниот театар во Скупи. Она што е извесно е дека локалитетт, со помош на Италијанската влада, најверојатно ќе добие гранд за да се направи едно пристојно - културно историско место, во смисла на хортикултурно, светлосно и сл, уредување, кое би можеле да го користат граѓаните на Скопје и странските туристи.

половина, Театарот, античките, навистина, повторно

Previous post Next post
Up