Медитација

Jun 22, 2010 10:45


Другие записи: Бодрячком, пацанчики(с) | да как же скучно | День 2010.10.12, Точное время 14:22:00 | Мои фотоэтюды

Ај нешто повеќе за медитацијата.

Чакри се центри на енергија низ човечкото тело.
Всушност, секоја точка од нашето тело претставува извор на енергија, но 7 од нив се сметаат за главни чакри.
Главните чакри почнуваат на почетокот на 'рбетот и завршуваат на темето на главата, движејќи се по 'рбетната линија.
Нивната функција е да го витализираат физичкиот дел, односно телото, и да помогнат во развојот на самосвеста.
Кога чакрите не се во баланс, и енергиите се блокирани, основната животна енергија на индивидуата ќе биде забавена. Таа ќе се чувствува изморена, депримирана, со многу простор оставен на негативни ставови, страв и сомнежи.
Зборот 'чакра' е произведен од санскритскиот збор што значи тркало.
Се смета дека доколку би било возможно да ги видиме чакрите, би набљудувале енергетски тркала кои континуирано се вртат.
За да се работи со нив, треба да се земат како фокус при медитација, постојат многу начини за медитирање на чакрите, при кои техниките за секоја чакра се основаат првенствено на нејзината намена.
А за намените на 7те главни чакри, накратко:

1. Muladhara - Root Chakra - Имаш право да бидеш токму овде
Кога е недоволно активна поттикнува чувство на страв

2. Swadhisthana - Sacral Chakra - Имаш право слободно да чувствуваш
Кога е недоволно активна поттикнува чувство на вина

3. Manipura - Solar Plexus Chakra - Имаш право да дејствуваш
Кога е недоволно активна поттикнува чувство на срам

4. Anahata - Heart Chakra - Имаш право да љубиш и да бидеш љубен
Кога е недоволно активна поттикнува чувство на сожалување

5. Vishudha - Тhroat Chakra - Имаш право да се зборува и да се слуша вистината
Кога е недоволно активна ги поттикнува лагите

6. Ajna - Third Eye Chakra (популарното трето око) - Имаш право да видиш
Кога е недоволно активна ги поттикнува илузиите

7. Sahasrara - Crown Chakra - Имаш право да знаеш
Кога е недоволно развиена поттикнува преголемо приврзување за неважните работи.

Еве нeшто што би ви помогнало да се ориентирате:   http://www.youtube.com/watch?v=rFqHa...eature=related



намените, накратко, Всушност, недоволно, витализираат

Previous post Next post
Up