Другие записи:
Свадьба-свадьба... |
Бронзена фигура стара преку 2.300 години открина на Плаошник |
День 2010.10.22, Точное время 13:47:00 |
Summer Artur Shchopenauer
Врвниот песимист, гледаше на реалноста како на огромна злобна замка верувајќи дека живееме во најлошиот свет од сите. Озлогласен, непоправлив женомрзец. Еднаш турна жена по скали, но и плати оштета за повредите. По нејзината смрт во дневникот напиша: "Старата жена умре, товарот е кренат". Не беше баш пријатен академски колега, Го мразеше и бојкотираше успехот на Hegel, чија философија е најлош вид на бесмислица, велеше тој. Можеби планирајќи да го потисне неговиот успех, но сето тоа заврши со предвремено пензионирање на Arthur.
Nietzsche
Некои велат дека се бунеше против корумпираното влијание на христијанството и црквата и поради тоа и декларираше "Бог е мртов", а некои пак, велат поради неговата мизерија (тој патеше од главоболки, мигрена, и несоница) Тоа е човекот чии автобиографски дела содржат поглавја како: "Why am I so wise?" или "Why do I write so good books?" и сето тоа може да биде само одраз на лесноумен човек. Неговото верување во "The will to power" е единствена мала рефлексија на неговиот живот надвор од фантазии. Последните 11 години беше сместен во болница како последица на сифилис.
Martin Heidegger
Најпрво планираше да стане католички свештеник, но овој човек беше далеку од тоа. Имаше афера со неговата талентирана студентка Hannah Arendt која подоцна ја напужти германија за да го избегне гонењето како еврејка. Ова наликува на мал грев, бидејќи подоцна Heidegger се приклучи на Хитлеровата идеологија и беше анти-Семит. Во времето кога интелектуалците се издигаа, Heidegger потона на дното.
Bertrand Russel
Иноватор во математика и логика, и еден од пронаоѓачите на Аналитичката философија. На почеток Russel изгледа како досаден човек, а и неговата жена не беше ништо повеќе од глупава. Тој страда од депресија како млад, и учи како да го разбуди жарот во себе, да го најде уживањето и занесот во животот. Овој професор, кој премногу пиеше и постојано пушеше со луле беше познат и по аферите со жените на неговите пријатели. Го негираше Христијанството со неговата книга "Why I am not a Christian?" но и беше водечки интелектуален глас против војната во Виетнам.