Jul 25, 2006 12:35
Демократската унија за интеграција и натаму очекува да биде повикана во новата коалициска влада во Македонија и покрај изјавите од ВМРО-ДПМНЕ дека Демократската партија на Албанците ќе ги претставува етничките Албанци во владата.
БиБиСи: Дали се уште гледате „отворена врата" за вклучување и на ДУИ во владината коалиција на Груевски, или владиниот кабинет според вас е веќе затворен?
„Мислам дека тактиките што се користат за да се влезе во владата не се од помош и нема да променат и да убедат некого дека тие се соодветен владин партнер. Така што морам да речам дека во оваа фаза не можам да видам како би влегле во владината коалиција?
БиБиСи: Сметате ли дека постои некаква опасност или политичка некоректност, ДУИ да остане во опозиција?
„Мислам дека секој треба да прифати дека во демократијата некогаш се добиваат, друг пат се губат изборите. Мислам дека мора да биде јасно дека ако сите се посветени на мирни методи на политичко дејствување тогаш тоа значи дека некои акции и некоја реторика се исклучени.Значи треба да е апсолутно јасно дека не би требало да има ризик доколку неки луѓе се во владата а други не."
БиБиСи: Се споменуваше дека е важно двата главни политички блока на етничките Албанци да бидат во македонската влада, поради стабилноста во земјата, но и поради преговорите што се во тек за решавање на стстусот наКосово. Има ли основа во ова?
„Прво, прашањето за Косово е веројатно помалку релевантно за многу луѓе во Македонија и јас верувам дека политички овие две прашања не се тесно поврзани и оти нема вкрстување меѓу нив. Нема Албанци од Македонија во моментов вклучени во преговорите за Косово кои се одвиваат во Виена. Од друга страна, на прашањето за тоа кој треба да седи во владата - сосема е јасно дека на Македонија и треба стабилна и компетентна влада. Груевски ќе има тешка задача да ја состави, има широка палета луѓе за во неговиот кабинет.Според мене, не е задолжително точно дека ако во владата влезат повеќе партии, дека таа ќе биде и поквалитетна."
БиБиСи: Минатата недела медиумите споменуваа „калашникови" како реакција од ДУИ, доколку изостане од владата?
„Дознав дека тоа не е позиција на партиското раководство, што е многу важно“, вели Николас Вајт од Меѓународната кризна група, во интервју за македонската редакција на БиБиСи.
macedonia,
macedonian