Почела интеграција аутономне ОА (Вранишковског) у аутокефалну МПЦ - ОА (Вељановског), или шта већ?

Jun 20, 2023 14:40


Из саопштења САС МПЦ - ОА  од 20.06.2023. г.:

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија (МПЦ - ОА), на својата редовна седница во пленарен (полн) состав, одржана на 20 јуни 2023 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот, при што ги усвои годишните епархиски извештаи, како во Татковината, така и во дијаспората, и ја проследи дејноста на црковните воспитно-образовни институции при што се распиша и конкурс за уписи на студенти на Православниот богословски факултет и средното богословско училиште.

Светиот Синод на МПЦ - ОА, по канонскиот отпуст на архијереите г. Јован, г. Јоаким, г. Марко и г. Давид од Соборот на СПЦ ги прифати во своја канонска јурисдикција и им ги определи следните епархии и задолженија:

- За Крушевско-демирхисарската епархија го назначи Митрополитот г. Јован, со титула Митрополит Крушевско-демирхисарски;

- За Дељадровско-илинденската епархија го назначи Епископот г. Јоаким, со титула Епископ Дељадровско-илинденски;

- За Делчевско-каменичката епархија го назначи Епископот г. Марко, со титула Епископ Делчевско-каменички;

- Епископот г. Давид го назначи за викарен епископ на Скопската епархија, со титула Епископ Дремвитски.

...

[од Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ - ОА]

архиеп. Стефан (Вељановски), митрополит д-р Јован (Вранишковски), МПЦ - ОА, Македонски раскол

Previous post Next post
Up